Судија на претходна постапка од Основен суд Велес му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на 38 годишниот велешанец А.М. поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, информира портпаролот на СВР Велес,Билјана Ѓаковска.

На 23 март во саботата вечер во 21.45 часот во Велес, полициски службеници ги лишиле од слобода А.М.(38) и Е.Д.(36), двајцата од Велес, затоа што кај А.М. биле пронајдени и одземени 34 пакувања со кафеава прашкаста материја и дигитална вага, а кај Е.Д. пронајдена и одземено едно пакување со марихуана.

Од СВР Велес информираат дека по документирање на случајот, од страна на СВР Велес е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка е одредена мерка притвор за А.М.