Според видеото објавено на социјалните мрежи, може да се забележи возило и лица кои се обидуваат да го одземат сефот од маркетот. Додека е вклучен алармот, тие успеваат да го стават во багажник, тргнуваат, но по пат поради инерција, сефот паѓа на патот, па се враќаат повторно да го подгинат.

МВР извести дека во 03.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф.