Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ го лишиле од слобода албанскиот државјанин Ј.А.(26), кој претходно во водите на Охридското езеро на македонска страна е затекнат при незаконит риболов.
За настанот е известен јавен обвинител, а со решение од полициски службеници при Регионален центар за гранични работи Запад изречена му е мерка забрана за влез во државата до 31.03.2025 година.