На подрачјето на Центар полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Х.А.(45) од Скопје поради тоа што околу 20.30 часот на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје извршил „разбојничка кражба“ при што одзел кацига од мотоцикл и физички нападнал 56- годишен скопјанец кој се обидел да го спречи да го изврши кривичното дело.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојничка кражба“.