СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.В.(51) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

На 28.11.2023 пријавениот на социјална мрежа на објава од портал напишал коментар со кој предизвикал ширење на расистички и ксенофобичен материјал, поттикнувајќи омраза.