Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.Ј.(72) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“.

На 21.02.2024 во населба Оризари во Кочани, пријавениот го пуштил неговото куче во круг на фабрика, по што тоа нападнало едно лице и му нанело повреди.