СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.Ј.(57) од Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „незаконит лов“, „загрозување на сигурноста“ и „кражба“.
На 14.09.2023 на место викано „Топилница“, ловочувари го затекнале пријавениот како поставува замки за лов на дивеч, при што им се заканил и физички нападнал еден од нив.
Истиот ден, кај каменоломот „Гранит“, пријавениот одзел камера од видео надзорот, сопственост на ловечко друштво.