На 09.04.2024 во 21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје патничко возило „опел“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(19) од Скопје, удрило во пешакот Р.Е.(47) од с.Ласкарци-скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 09.04.2024 во 22.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје, на влез во с.Черкези-кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано до Д.А.(24) од с.Љубодраг-кумановско, и мопед „априлија“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Тромеѓа-кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот малолетен сопатник, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 09.04.2024 во 23.45 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на локалниот пат од с.Лисичани за с.Пласница во близина на с.Лисичани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од 17 годишник од Македонски Брод и патничко возило „опел астра“ со регистарски ознаки од Македонски Брод управувано од Н.Н.(19) од с.Лисичани-кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Н., а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и шест сопатници од двете возила, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
На 09.04.2024 во 15.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце кај с.Доброште се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.И.(49) од с.Голема Речица, и моторцикл „сузуки“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Ќ.П.(50) од с.Доброште. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
На 09.04.2024 во 15.10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Градско- Прилеп мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од П.Д.(58) од с.Дуње, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската болница-Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
На 09.04.2024 во 08.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „Благој Ѓорев“ Б.Л.(33) од Велес управувајќи мопед „пиаџо“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Л., констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
На 09.04.2024 во 08.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „Благој Ѓорев“ Б.Л.(33) од Велес управувајќи мопед „пиаџо“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Л., констатирани во болницата во Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
На 09.04.2024 околу 17.30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во месноста „Зајашки рид“, атар на кичевското село Зајас, четирицикл што го управувала Љ.С., а на кој се превезувал А.С.(30), двајцата од истото село, излетал од патот. Притоа, Љ.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево.
На 09.04.2024 во 20.47 часот било пријавено дека околу 13.00 часот во с.Умлена-пехчевско Ј.Д.(69) од истото село, откако се симнал од тракторот кој го управувал, тракторот почнал да се движи и го прегазил. Ј.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкиот центар Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.