Полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Б.А.(49) од с.Никуштак, општина Липково, Р.М.(49) од с.Вакуф, кратовско и Б.А.(36) од с.Орланци, скопско.
Од припадници на армијата тие биле затекнати со патничко возило „сеат алхамбра“ со скопски регистарски ознаки во армискиот полигон Криволак.
При преглед во возилото биле пронајдени метал детектори и скенер за вршење археолошки истражувања и алат за вршење ископ.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.