На подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар ги затекнале Ј.М.(24) од Скопје, П.Н.(23) од Прилеп, Д.Б.(23) од Скопје, М.Ј.(25) од Битола и А.М.(24) од Скопје додека пишувале графит.
Од нив биле одземени неколку канти со поликолор и боја и други предмети. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.