Во Ново Село полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Д.К.(42) и К.Ѓ.(29), двајцата од село Колешино, струмичко. При преглед на патничко возило „бмв“, во кое биле затекнати двете лица, била пронајдена марихуана, а марихуана била пронајдена и при преглед на Д.К.. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во Ново Село полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.С.(33) од село Ново Село, струмичко. При преглед на лицето била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот, против В.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во село Бориево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица, постапувајќи по наредба на Основен суд Струмица, извршиле претрес во домот на К.И.(23) од село Бориево, при што била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На улица „8-ми Септември“ во Велес полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода М.Ж.(40) и 30- годишната С.А., двајцата од Штип, затоа што при преглед кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста и бела грутчеста материја. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Ж.(45) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и П.П.(22) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 27.10.2023 полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, при што кај П.Ј. и М.Т., пронашле и одзеле марихуана која била наменета да ја користат со второпријвениот, а која претходно ја набавиле од првопријавениот.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.П. (36) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 03.10.2023 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

На улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, од слобода е лишен Б.В.(21) од струшкото село Велешта. При извршен преглед, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во ОВР Кичево, од слобода е лишен А.Д.(34) од селото Преглово, општина Македонски Брод. При преглед извршен на улицата „Елисие Попоски Марко“ во Кичево, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Кичево, кај него пронајдоа и одзедоа прашкаста материја. Покрај тоа, тој, на полициските службеници им пријавил дека претходно, на улицата „11 септември“ во Кичево, бил физички нападнат од Ј.Д. од Кичево. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ј.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На ул.„Дабничка“ од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп бил даден знак за запирање на возило управувано од А.А.(20) од Прилеп, но тој не ја испочитувал наредбата, продолжил да се движи и од возилото исфрлил ќеса со марихуана. По комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од ОВР Кичево, на локален пат за селото Бигор Доленци, од слобода го лишија Д.Ѓ.(35) од Валандово. Тој бил агресивен кон полициските службеници кои, при извршен преглед, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.М.(38) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Тој, на улицата „Јабланица“ во Струга, откако ги забележал полициските службеници кои преземале службени дејствија, исфрлил најлонска опаковка со опојна дрога кокаин, која е пронајдена и одземена.

На 25.04.2024 во 23.45 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Т.И.(18) од с.Кадино, скопско, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.04.2024 во 18.45 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.М.(37) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Велес поднесе кривична пријава против О.Ѓ.(44) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 13.11.2023 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, дигитална вага и пари.