На подрачјето на Стар Дојран на место викано „Солунски пат“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран ги привеле Е.Д.(41) и Д.Д.(33), двајцата од Република Албанија, поради тоа што нелегално ја преминале државната граница од Република Грција кон Република Македонија.

Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија за понатамошна постапка.