На 27.04.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на бул.„Србија“ во Скопје мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.Ф.(40) од Скопје, паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклист, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.