На 27.04.2024 во 23.40 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.З.(40) од Скопје, поради тоа што околу 22.00 часот, пред угостителски објект каде бил вработен, со остар предмет ги нападнал Д.С.(37) и С.М. двајцата од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.