По преземени оперативни мерки и дејствија, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје и полициски службеници од Полициската станица при СВР Штип го лишиле од слобода Б.М.(32) од Штип.

При претрес во неговиот дом во Штип извршен по насоки од надлежен обвинител, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, поголема сума на пари и дигитална вага. Лицето е задржано во полициска станица и со кривичната пријава ќе биде предаден на судија на претходна постапка за понатамошно постапување.