Во СВР Велес вчера во 10,30 часот било пријавено дека при извршување земјоделски работи на нива покрај железничката пруга во атар на село Виничани, Општина Градско, била пронајдена една неиспукана артилериска граната калибар 100 мм.

Како што денеска информираат од СВР Велес, граната била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување