Крводарителска акција под мотото „Биди хуман како Тоше“, документарен филм за Тоше, настап на музички ѕвезди и главниот настан „Ноќ на емоции“, ќе се одржат в четврток 6 јуни, за кога е закажан коцертот за Тоше Проески. Ова беѓе најавено на денешната прес-конференција од страна на организаторите во Дом на млади во Штип.

- Концертот ќе се одржи на 6 јуни во четврток овде во Дом на млади Штип. Ќе има низа активности. Од 10 до 16 часот ќе се одржува крводарителска акција под мотото „Биди хуман како Тоше“. Во 19:30 часот започнува премиерата на документарниот филм кој е снимен за Тоше. Времетраењето на филмот е еден час. На крајот е главниот настан „Ноќ на емоции“, вели Горан Стаменков, организатор на настанот.

Предвидено е да настапат повеќе од 15 музички ѕвезди од македонската музичка естрада. Според музичарот Филип Стевановски, Тоше, неговата музика и неговото дело заслужуваат да бидат почитувани, но и да се пренесе на помалите што е вистинска вредност, вистинска музика и кој бил Тоше Проевски.

- Со нас, ние како бенд ќе ги придружуваме сите кои ќе настапат таа вечер на концертот. Ќе настапат Зоран Илиев, Весело штурче, Александар Тарабунов, Димитар Андоновски, Лара Ивановска, Шаќири, Мартинијан Кириловски, ние како бенд, а ќе имаме и гости, вели Стевановски.

Вакви концерти посветени на Тоше треба да се организираат почесто, вели Зоран Илиев пеач, кој ќе биде дел од настанот. Посочи дека на 6 јуни сите патишта водат кон штипскиот Дом на млади. Тој на денешната прес-конференција упати апел до граѓаните да присустуваат и да се забавуваат.

-Имам чест да бидам дел од овој концерт. Вакви концерти треба да се одржуваат што почесто бидејќи Тоше беше човек кој ни даде правец како да живемее и да помагаме, рече Илиев.

Дел од собраните средства на концертот ќе се употребат за реконструкција на улицата „Тодор Проевски“ во Крушево, а дел од средствата ќе бидат наменети за лекувањето на штипјанката Сибел Омерова. Кутии за донации на Омерова ќе бидат поставени пред и за време на концерот