Актовка оставена на улица на тротоар вознемири жител на улицата „Доктор Рибар“ во Куманово. Лицето пријавило во полиција мислејќи дека е сомнителна, а полицијата востановила дека се работи за празна актовка, соопшти денеска СВР Куманово.
- Денеска во 09: 46 часот во СВР Куманово Н.И. од Куманово пријавил дека на улицата „Доктор Рибар“ во Куманово пронашол актовка, која изгледала сомнително. Полициските службеници од СВР Куманово веднаш го обезбедиле местото и по извршените проверки било утврдено дека се работи за празна актовка, соопшти полицијата.