Во болница починал Чедо Радомировиќ, познат уште како Чедо Радо, откако со повреди бил пронајден кај селото Орман.

Околу 19 часот во село Орман до паркирано возило марка „Лексус“ бил пронајден познатиот бизнисмен основач на фирмата „Техноком“ и основач на „Радо банка“ со нанесена повреда во пределот на главата.

До него бил пронајден пиштол и чаура.

Се очекува повеќе детали МВР да објави во текот на денешниот ден.