Запрашана за применувањата на ТикТок предизвиците од учениците во училиштата, министерката за образование ги повика средношколците наместо тоа да се насочат на натпревари во образованието и науката.
- Ги повикувам средношколците наместо да имаат ТикТок натпревари да се насочат на натпревари во образованието и науката. Телефоните во училиштата можеме и да ги забраниме, но тие ќе им бидат достапни дома, во маало и во други средини. Децата треба предизвици да прифаќаат во образование и наука, а нивните родители, заедно со училиштето да ги насочат кон тоа, истакна Јаневска.
Одговарајќи на прашање за заштита на наставниците од психички и физички напади, министерката за образование најави дека наскоро ќе се носи нов закон за наставници и оти ќе се носат нови правилници и упатства.
- Постојат правилници, но наскоро носиме нов закон за наставници, нови правилници, нови упатства. Во пет месеци толку може да се направи, во следните пет ќе направиме уште толку и се надевам дека ќе се воспостави некаков ред, рече Јаневска