Во Фондот за здравствено осигурување денеска беше потпишано писмо за соработка помеѓу ФЗО и Проекот на УСАИД за партнерство против корупција кој ќе биде спроведуван од страна Менаџмент системс Интернешонал, компанија на Тетра Тек.

Писмото беше потпишано од страна директорите на ФЗО, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов и Лоренс Хелд, директор на проектот, а стапува на сила од датумот на потпишување.

Целта на ова писмо за соработка, како што соопштија од ФЗО, е да се постави основа на заеднички приоритети кои се насочени кон реализацијата на активностите кои треба да го зајакнат системот за спречување и намалување на институционална ранливост на корупција.

Со ова, двете страни се обврзуваат на заедничка соработка, обезбедување на соодветен персонал и ресурси кои ќе бидат соодветно распределени во спроведување на активностите поврзани со проектот.

Оваа соработка ја поставува основата на заедничките напори, фокусирајќи се на клучните области како што се внатрешна контрола, градење на капацитети за проценка на ризикот од корупција, подобрување на процесите на регрутирање и сл.

Од страна на преставниците на Проекот на УСАИД за партнерство против корупција беше потенцирано дека преку соработката ќе се даде поддршка за зголемување на финансиската транспарентност и подобрување на функционалноста на системот на е-здравство, како и промовирање на интегритетот и одговорноста во управување со ФЗО во текот на наредната година, се наведува во соопштението од Фондот за здравствено осигурување