Косовскиот премиер Аљбин Курти денеска одби да одговори дали ќе одговори на повикот на Специјалното обвинителство на Косово да сведочи во случај на наводна злоупотреба на стоковните резерви.

По учеството во промоцијата на проектот „Зајакнување на дигиталниот менаџмент за испорака на услуги“, Курти на новинарските прашања за поканата на Специјалното обвинителство рече дека „брза на некои други средби“.

Курти е повикан од Специјалното обвинителство да даде исказ на 16 декември, како сведок во случај за злоупотреба на службената положба.