Добро оркестриран напад се врши врз владата и лица од владата од подземјето каде влегуваат дел од безбедносните служби, дел од академската сфера, дел од медиумите и дел од невладините организации. Ова не е случаен напад, тие се обидуваат да продолжат да дејствуваат и да се спасат, потенцираше вицепремиерот Александар Николоски во “Само Интервју” на ТВ Канал 5.

“Прифил како Бoјан Христовски кој е директор на АНБ за нив беше шок, исто како што беше шок најавата на спојување на безбедносните служби. Toj не е нeкој кој им одговара и затоа вака го напаѓаат. Не е случаен напад. Ова што го кажувам е малку познато. Имаше три фази во опозиционото живеење на ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Во прва фаза кога се докажувавме, сегашниот заменик генерален секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска имаше мастер план кој предвидувше ВМРО-ДПМНЕ да се затвори. Не им успеа тој план. После претседателските избори ВМРО- ДПМНЕ почна сериозно да граби и се се правеше да бидеме дескредитирани и да не победиме на избори и тоа не им успеа. И веќе кога стана јасно дека сигурно ќе победиме на избори, ова е по локалните избори, тргнаа во трета фаза. Една група на луѓе кои се инволвирани во служби од подземјето и тоа од бизнис секторот, во медиумите, во тајните служи и дел на универзитетите и во невладините организации, решија да елиминираат луѓе мислејќи дека или побрзо ќе се вратат на власт или нема да има консеквенци за тоа што го правеле додека ја партизирале власта.

Најдобар доказ за ова што го зборувам е профсорот Фрчковски кој во свој јавен настап го расакажа ова и кажа како планираат да дејствуваат во рок од 8 години. Но овој план не им успеа” – истакна вицепремиерот Николоски во интервјуто.