Американскиот државен секретар Марко Рубио доцна попладнево пристигна во Израел на првиот дел од турнејата на Блискиот исток.

Рубио слета на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив и в недела треба да разговара со израелските власти кога ќе го истакне предлогот на претседателот Доналд Трамп да се преземе контролата врз Појасот Газа, што е уништен од повеќе од 15 месеци војна меѓу Хамас и Израел.