Официјален Пекинг соопшти денеска дека „релевантните земји“ не треба да ја „политизираат трговијата и технологијата“, откако Јужна Кореја објави дека кинеската апликација за вештачка интелигенција ДипСик (DeepSeek) нема да биде достапна за преземање додека трае ревизијата на нејзините процеси за управување со податоците.

- Се надеваме дека релевантните земји ќе избегнат преземање мерки кои го прошируваат концептот на безбедност или ја политизираат трговијата и технолошките прашања, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Ѓиакун, на редовната прес-конференција во Пекинг.