Најмалку три лица загинаа, меѓу кои и едно дете, а околу 80 се повредени при уривање на покрив на трговски центар во градот Трухиљо во Перу.

Според светските агенции, непознат број луѓе се заробени под урнатините, а во тек е спасувачка операција.

Сведоците кои виделе како се урива покривот на трговскиот центар, за медиумите потврдиле дека слушнале продорен звук пред покривот да падне.