Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска потврди дека лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, кој е најверојатно следниот канцелар на Германија, најавил дека ќе го покани Нетанјаху да ја посети земјата, и покрај налогот за негово апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Во соопштението од кабинетот на Нетанјаху се наведува дека Мерц рекол дека ќе го покани израелскиот премиер во Германија во телефонски разговор, кога Нетанјаху му се јавил за да му ја честита победата на предвремените парламентарни избори што се одржаа вчера во Германија, а на кои демохристијаните освоија најмногу гласови.