Колумбискиот претседател Густаво Петро го критикуваше наводниот план на Украина да потпише договор за ретки минерали со САД, нарекувајќи го тоа глупост на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Глупоста на Зеленски, јасно го кажувам ова, е тоа што дозволи да биде изманипулиран од западните Европејци, кои не знаат каде одат, кон Хитлер или кон ништо. Тие се борат со своите словенски браќа и на крајот ја даваат Украина на Американците. Глупост“, напиша Густаво Петро на мрежата Икс покрај веста за потенцијален договор меѓу Киев и Вашингтон.
На 3 февруари, американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека е заинтересиран за ретки минерали од Украина. Тој додаде дека војната во Украина мора да заврши и дека САД мора да добијат нешто за возврат доколку продолжат да му помагаат на Киев.
Изјави дека слушнал дека Зеленски ќе дојде во посета в петок. Тој посочи дека е отворен за состаноци додека траат преговорите за ретките минерали
„Слушнав дека доаѓа во петок. Секако, мене ми е во ред ако сака да потпише заедно со мене. Разбирам дека тоа е голема, многу голема работа“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.