Долниот дом на белорускиот Парламент денеска го усвои Законот за ратификација на Договорот со Русија за безбедносни гаранции во интерес на двете држави.

Документот мора да биде одобрен од Горниот дом на Парламентот, а потоа ќе биде испратен на потпис до претседателот, пренесува руска новинска агенција.

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко го потпишаа договорот во Минск на 6 декември 2024 година.