На Европа и треба фонд за одбрана, кој ќе и помогне да ја зајакне нејзината безбедност и да ја зголеми способноста за одвраќање, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.
„Важен чекор би бил да се олеснат правилата според Пактот за стабилност и раст на ЕУ, за да можат земјите-членки да продолжат да ги зголемуваат националните трошоци за одбрана“, рече Бербок.
Сепак, според неа, овој потег не би бил доволен за сите земји.
„Затоа ни треба европски фонд за одбрана за да одговориме на предизвикот“, додаде Бербок