Романскиот Сенат усвои „закон за беспилотни летала“, односно предлог-закон со кој се одобрува соборување беспилотни летала кои неовластено ќе влезат во воздушниот простор на земјата.
За предлог-законот гласаа 81 пратеник, 12 гласаа против, а двајца беа воздржани, пренесува Романија Џурнал.
„Беспилотно летало кое илегално ја преминува државната граница на Романија и лета во националниот воздушен простор без дозвола може да биде уништено, неутрализирано или може да се преземе контрола“, се наведува во нацрт-законот.
Надлежните дополнително ќе одлучат кој ќе има овластување да донесе одлука за соборување на дронови