Повеќе од 1.000 Сиријци починале во притвор на воен аеродром на периферијата на Дамаск за време на режимот на поранешниот претседател на земјата, Башар ал-Асад, покажа извештајот на Сирискиот центар за правда и одговорност.
Во извештајот на организацијата се наведува дека гробниците биле идентификувани со помош на сведоштва, сателитски снимки и фотографии од аеродромот во предградието на Дамаск, Мезе, по падот на Асад во декември.
Шади Харун, еден од авторите на извештајот, рече дека тој бил меѓу затворениците, кои, како што тврди, биле убиени на различни начини, вклучително и по тортура.
Сирискиот центар за правда и одговорност и Здружението за притвореници и исчезнати лица во затворот Седнаја интервјуираа 156 преживеани и осум поранешни припадници на разузнавачките служби, воздухопловството и сириската безбедносна служба која имала задача да ги надгледува, затвора и да ги убива критичарите на режимот.
„Иако некои од гробовите спомнати во извештајот не се откриени претходно, самото откритие не не изненадува, бидејќи знаеме дека во затворите на Асад има повеќе од 100.000 исчезнати лица кои не излегоа за време на деновите на ослободување на почетокот на декември“, изјави полковник во Министерството за внатрешни работи на новата влада.
Се проценува дека стотици илјади Сиријци се убиени од почетокот на граѓанската војна во земјата во 2011 година