Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека телефонски разговарал со претседателот на САД, Доналд Трамп.

- САД и НАТО стануваат посилни. Сојузниците на НАТО се движат брзо за да инвестираат повеќе во одбраната. Најавени се големи зголемувања, а ќе следи и повеќе. Сојузниците за Украина подготвуваат милијарди за помош и безбедносни гаранции, објави Руте на Икс.

Трамп вчера изјави дека Европејците, а не САД, треба да и дадат на Украина безбедносни гаранции, како дел од планот за решавање на конфликтот со Русија.