Премиерот на Јапонија, Шигеру Ишиба денеска изјави дека се обидува да спречи поделба помеѓу САД, Украина и Г7, оценувајќи ја синоќешната расправија помеѓу американскиот и украинскиот претседател како „прилично неочекувана“.

- Јапонија мора се да направи за да спречи поделба. Ова не е нешто што треба да предизвика конфликтни емоции. Дипломатијата потпомогната од сочувство и истрајност мора да се користи за да се постигне мир, наведе Ишиба.

Тој истакна дека вербалниот судир помеѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски „не е дипломатски образец“.

- Иако разликата во ставовите стана јасна, тоа што мора да се направи во правец на прекин на огнот, останува исто, посочи Ишиба.

Јапонија заедно со другите земји-членки на Г7 (Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, и САД) ја поддржува Украина од почетокот на руската инвазија и воведе санкции кон Русија