Претседателката на Швајцарија, Карин Келер-Сутер изјави дека нејзината земја останува посветена на „праведен и траен“ мир во Украина.
- Швајцарија останува цврсто посветена на поддршката на праведен и траен мир и ја осудува руската агресија против суверена држава, објави Келер-Сутер на Икс по синоќешната прекината средба во Белата куќа помеѓу американскиот и украинскиот претседател, Доналд Трамп и Володимир Зеленски.
Украинскиот претседател од Вашингтон денеска пристигна во Лондон, каде ќе има средба со британскиот премиер Кир Стармер, а за утре е предвидено да има средби со повеќе европски лидери.