Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан телефонски разговарал со неговиот руски колега Сергеј Лавров за ситуацијата во врска со украинскиот конфликт, изјави денеска неименуван, добро информиран турски официјален претставник.
„Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска телефонски разговараше со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за најновата ситуација во врска со руско-украинскиот конфликт“, изјави турскиот извор.
Истиот извор претходно потврди за руската новинска агенција дека Фидан планира на состанокот за Украина утре во Лондон да ја потврди подготвеноста на официјална Анкара да биде домаќин на преговорите за решавање на украинско-рускиот конфликт.