Руските сили извршија 17-ти комбиниран напад врз инфраструктурните објекти на украинската групација „Нафтогас“, оштетувајќи капацитети за производство на гас, соопшти компанијата на својата веб-страница.
- Ова е седумнаесетти комбиниран напад врз инфраструктурните објекти на ‘Нафтогас’ за транспорт на гас. Оштетени се производствени погони што обезбедуваат гасно снабдување. За среќа, нема жртви, изјави Роман Чумак, шеф на групацијата „Нафтогас“, пренесе „Укринформ“.
Тој додаде дека во тек е отстранување на последиците од гранатирањето и проценка на штетите.
- Групацијата ‘Нафтогас’ ги презема сите неопходни мерки за обновување на работата на погодените капацитети. Ќе направиме сè што е потребно за земјата да има континуирано снабдување со гас, нагласи Чумак.
Украинскиот министер за енергетика, Герман Галушченко, изјави дека руските сили извршиле масовен напад врз енергетската и гасната инфраструктура во различни региони на Украина со ракети и дронови.