Северна Кореја денеска истрела неколку балистички ракети кон Жолтото Море, соопшти јужнокорејската војска, додека САД и Јужна Кореја ги започнуваат годишните заеднички воени вежби.

Началникот на Здружениот штаб на Јужна Кореја соопшти дека денеска околу 13:50 часот по локално време било регистрирано лансирање од западниот брег на Северна Кореја, но не даде детали.

Генералштабот додаде дека е зголемен надзорот и е во целосна готовност, во тесна соработка со САД.