Руските сили денеска направија натамошен напредок во регионот Курск како дел од големата операција за принудување на илјадници украински војници да го напуштат западниот руски регион или да се предадат, објавија проруските воени блогери.

Украинската војска зазеде околу 1.300 квадратни километри во Курск во август во акција што Киев ја опиша како обид да се добие „адут“ за идните преговори и да се принуди Русија да ги премести силите од источна Украина за да го брани Курск.

Додека руските сили напредуваат во Курск, Украина се подготвува за разговори со највисоките американски дипломати во Саудиска Арабија утре, а американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок за брз крај на војната.

До средината на февруари, Русија ослободи 800 квадратни километри од територијата на Курск и во последните денови започна голема повеќестрана офанзива која се заканува да ги прекине линиите за снабдување на Украина и патиштата за повлекување.

Руски воени блогови објавија дека руските единици напредуваат брзо кон Курск од најмалку седум правци.