Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се сретна со премиерот на Ирска, Михол Мартин.
Мартин на почетокот од средбата изјави дека е неопходно да се зголеми помошта за Појасот Газа и повика на прекин на огнот, како и ослободување на сите заложници. Додека Трамп посочи дека никој не сака никого да раселува од палестинската територија.
Средбата Трамп – Мартин ќе се одвива зад затворени врати, а најверојатно ќе се разговара за трговските односи помеѓу Ирска и САД.
Состанокот се одржува во услови на зголемена загриженост дека протекционистичкиот пристап на Трамп кон царините и даноците може да претставува значителен ризик за ирската економија, која во голема мера е поддржана од долгогодишните инвестиции на американските мултинационални компании.
Претходно, Мартин имаше средба со американскиот вицепретседател Џеј Ди Ванс. Ирскиот премиер ги поздрави напорите и напредокот на Трамп во постигнувањето на мир во светот, пред сè на Блиски Исток и во Украина.