Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека условите на Русија за прекин на огнот покажуваат дека таа земја сака војната да продолжи.

Зеленски на платформата „Икс“ обави дека обидите на Русија да постави услови за 30-дневен прекин на огнот во војната во Украина само „го комплицираат и го одолговлекуваат процесот“.

„Русија е единствената страна која сака војната да продолжи и да се прекинат дипломатските напори“, рече Зеленски по телефонскиот разговор со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин.