Турската централна банка продала 25 милијарди долари од своите девизни резерви за да го ублажи пазарниот притисок и да ја стабилизира турската лира, потврди гувернерот на банката Фатих Карахан за време на онлајн конференција со меѓународни инвеститори, објави Туркие Тудеј.

Конференцијата, организирана од американската банка Ситигруп и германската Дојчче Банк, се одржа во присуство на Карахан и министерот за финансии на Турција, Мехмет Шимшек.

Според изворите, Централната банка продала 10 милијарди долари на 19 март, уште 3 милијарди на 20 март, а најголемата продажба од 12 милијарди долари се случила на 22 март.

Карахан ги увери инвеститорите дека централната банка ќе ги преземе сите неопходни чекори за да го стабилизира пазарот, оценувајќи ги тековните турбуленции како привремени.

Одговарајќи на прашање за доларизација, Карахан рече дека валутните преференции на локалните инвеститори се во голема мера под влијание на нестабилноста на девизниот курс и враќањето на турската лира. Според него, почетниот раст на побарувачката за девизи почнал да опаѓа поради подобрената стабилност на турската валута.

Карахан истакна дека централната банка ќе продолжи со стратегијата за дезинфлација, без да ја врзува политиката со движењата на валутниот курс