Ракометарките на дански Оденсе и унгарски Ѓер се првите учеснички на завршниот турнир од Лигата на шампиони.
Оденсе го обезбеди своето место на завршниот турнир, кој ќе се игра во Будимпешта на 31 мај и 1 јуни, со победа синоќа од 25-24 на гости против домаќинот на финалето, Ференцварош. Првиот натпревар во Данска заврши нерешено 27-27.
Ѓер беше многу поубедлив во четвртфиналниот натпревар против германскиот Лудвигсбург, по минималната победа на гости од 25-24 во првиот натпревар, унгарскиот тим беше сигурен во реваншот дома со победа од 29-22.
Преостанатите два реванш натпревари од четвртфиналето ќе се играат денеска. Во француската пресметка, Мец има предност од три голови пред реваншот дома (29-26) против Брест, додека дански Есбјерг го дочекува романски Букурешт со гол негатива од првиот натпревар (30-29).