Во Македонскиот Културно-информативен центар во Белград, вечерва беше реализиран проектот „Македонската книжевност на европското ѕвездено небо“ како дел од програмата за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на современиот македонски јазик, јави дописникот на МИА од Белград.
Никола Маџиров и Петар Андоновски, македонски писатели кои се и лауреати на врвни европски книжевни награди читаа извадоци од свои дела и разговараа со свои колешки писатели и преведувачи од Србија - српската поетеса Ана Ристовиќ, исто така лауреат на врвни европски книжевни награди, и со Милена Илиќ, во моментов најактивен преведувач на дела од македонски на српски јазик.
На настанот во КИЦ во Белград беа читани стихови од стихозбирката „Длан и нетакнуто“ од Никола Маџиров, преведена на српски јазик од Билјана Андоновска и од романот „Страх од варвара“ од Петар Андоновски, во превод на Милена Илиќ.
- Нашата 80-годишнина на јазикот е релативна. Затоа што и од историска перспектива и во перспектива на иднината тоа е јазик што жилаво се бори, опстојува, комуницира и достигнува европски и светски книжевни врвови. Тоа е јазик чијшто татко е нашиот голем книжевен формат Блаже Коневски. Тоа е јазик што ја донесе Макеоднија на светската мапа на поезијата како - република на поезијата. Јазикот е оружје преку кое еден народ, една држава се бори на она што Гоце велеше - поле за културен натпревар. Треба да го штитиме јазикот да го негуваме, да го облагородуваме, а еден од начите е вечерва токму тоа - дебатираат српската и македонската книжевност, српската и македонската култура. Да се зборува за книжевноста и да се дебатира, да се разговара вечерва значи да се сплотат уште повеќе македонската и српската книжевност, нагласи Васко Шутаров директор на македонскиот КИЦ во Белград.
- Ова е голем јубилеј - осум децении се зад нас. И пред 80 години се говорел макеоднскиот јазик. Сега зборуваме за кодификација на јазикот - тоа знаи само форматирање на нешто веќе постои. Јазикот претставува - корен, темел на идентитетот. Македонскиот јазик претставува темел на македонскиот идентитет. Во таа насока сакам да подвлечам и дека не е лесен периодов и ова современие кое го живееме. Во овој период се обидуваме да бидеме на браникот на одбраната на макеоднскиот стандарден јазик и успеваме без оглед на предизвиците. Наша национална, патриотска обврска е да го чуваме македонскиот јазик, да го негуваме, да го промовираме и надградуваме, да живееме со него. Да не ги забраваме овие јубилеи. Петти мај е голем датум за сите Макеонци. Да посакаме и во иднина да бидеме горди на македонскиот јазик, изтакна македонскиот амбасадор во Србија, Никола Тупанчевски.
Во дебатата беше нагласено за успесите на Маџиров и на Андоновски и за повривот за нивните книжевни создавања. - Јазикот живее органски, патува низ нашите тела и мисли и онаш то го изговараме е само прашина од она што сме. Но, потребен ни е да се разбереме, наведе Маџиров.
- Дали е клаустрофибично да се пишува на мал јазик. Мислиме на јазици кои имаат мал број говорители. На тоа возвраќам низ Европа - кога еден Петар ќе биде преведен на 10 јазици, и еден Никола Маџиров е преведен на 30 јазици - е, тоа е успех за јазикот, потенцираше македонскиот писател Андоновски.
- Маџиров е преведен на 30 јазици во светот. Тоа е поет кој во поезијата одлично чувствува градот како таков, и некој кој секогаш се враќа во својот роден крај. Она што забележувам како константа во твоите книги тоа е некој вид номадско лутање, рече Ана Ристовиќ.
Авторите Маџиров и Андоновски читаа на македонски јазик, на српски јазик тоа беше интерпретирано од актерот Александар Стоименовски