Раководството на Формула 1 се согласи да го продолжи договорот за организирање на Гран при во во Лас Вегас до 2027 година.
Директорот на Гран при на Лас Вегас и главен комерцијален директор на Формула 1, Емили Прасер, изјави дека планот е шампионската трка да остане во календарот подолг период.
- Сакаме да се осигураме дека ќе продолжиме да го подобруваме она што го правиме. Но, целта е многу подолгорочен договор. Како што сите знаеме, трката имаше свои предизвици, но ние ги решаваме нив, рече Прасер.
Првата трка во Лас Вегас се одржа во 2023 година. Во 2025 година е закажана за 22 и 23 ноември.