Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, објави дека завршил средно училиште.
„Унапредување!“, напиша Антонели на социјалните мрежи.
Антонели е 18-годишен италијански тркачки возач. Се натпреварувал во италијанската Формула 4 и Формула 2, каде што завршил шести во сезоната 2024.
Годинава, Антонели го имаше своето деби во Формула 1 како возач за германскиот тим Мерцедес.
На трката за Големата награда на Канада, Италијанецот го оствари најдобриот резултат во својата кариера, освојувајќи го третото место. Пред него беа само четирикратниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул и неговиот британски колега Џорџ Расел.