Кога вашиот лет е преку комерцијална компанија, бидете претпазливи во користењето на Wi-Fi во текот на летот. Добро информирајте се дали е дозволена таква опција и до кои страни компанијата овозможува пристап. Во спротивно, уживањето во интернетот може да ве чини скапо.

Високите надоместоци за користење на интернет “во воздух“ не се единствената причина за користењето на интернет. Други проблеми кои се појавуваат се безбедноста на податоците, приватноста и потенцијално слабата конекција.

Провајдерите кои овозможуваат интернет додека вашиот лет во принцип сакаат само да заработат пари, а грижата за корисниците односно брзината на интернетот и не им е толку во преден план. Иако во денешно време и во ерата на технологијата, се е изводливо.

Но, од друга страна пак, провајдерите на овој начин сакаат и да ги обесхрабрат обичните патници во комерцијалните летови да ги користат нивните услуги, на сметка на бизнис класата каде што за повеќе пари може да добијат подобра конекција. На тој начин, интернетот во бизнис класата чини поскапо но и услугата е подобра. Интересно е да се спомене и дека врз основа на бројот на летови, цените на интернетот во воздушниот простор варираат. Скоро секој ден, користењето на интернетот различно се наплаќа.

Покрај високите цени, како што спомнавме, друг проблем на интернетот во воздухот е и приватноста. Wi-Fi мрежата во авионските летови е многу помалку безбедна одколку широко отворена јавна Wi-Fi мрежа. Во извештај на “Арс техника“ се нотира дека авионскиот Wi-Fi е: “совршена средина за напаѓачот (хакерот) да ја поткопа безбедноста на комуникациите на другите патници“. Покрај ова во извештајот се додава и дека авионскиот Wi-Fi ги блокира основните безбедносни алатки како што е HTTP безбедноста и виртуелните приватни мрежи (VPNs).

Според Квартц, Американските и Британските тајни служби ги превземаат (снимаат) локацијата и содржината на активностите кои ги правите на интернет во воздух, кога авионот е дури над 10.000 метри во висина а тоа го прават уште од 2005 година.


Администратор
06/02/2017 01:20