Електронската пошта е корисна алатка во модерниот свет но во исто време и доста нервозна алатка кога на вашиот меил пристигаат несакани пораки.

Лесната комуникација преку електронската пошта значи и дека вашиот инбокс може лесно да се наполни со спам пораки, реклами, несекојдневни известувања и слично. Во продолжение ви пренесуваме како корисниците на “Gmai” можат да се ослободат од овие несакани пораки.

Доколку ја отварате електронската пошта од компјутер логирајте се на вашиот меил и влезете во инбокс пораките. Отворете го испраќачот кој што сакате да го блокирате.

Во горниот десен агол во истата линија каде што е името и адресата на испраќачот има поставено хоризонтална стрелка. Со кликање на таа стрелка ви се појавува опаѓачко мени.

Од ова мени одберете “Block (sender’s name)”

После ова, сите пристигнати пораки од испраќачот кого сте го блокирале автоматски ќе бидат складирани во спам фолдерот. Доколку сакате да го одблокирате, повторно отворете го опаѓачкото мени и притиснете “Unblock (sender’s name)”.

Процесот на блокирање е речиси идентичен за сите видови на паметни телефони, доколку ја отварате електронската пошта од телефон. Отворето го меилот од испраќачот кој што сакате да го блокирате. Во десниот агол на крајот од редот каде што стои името и адресата на испраќачот ќе видите три точки вертикално подредени. Кликнете на него и ќе ви се појави опаѓачко мени.

Одберете “Block (sender’s name)“ и пораките од блокираниот испраќач веќе нема да пристигаат во вашиот инбокс.


Администратор
06/02/2017 02:19