На најновата ранг листа на ЕХФ, Вардарки се наоѓаат на врвот и се посочени како најголеми фаворити за освојување на лигата на шампионите.
На листата од десет фаворити, веднаш зад Вардар се наоѓаат две екипи од Унгарија, ФТЦ Будимпешта и Ѓер.
Актуелниот европски првак ЧСМ Букурешт е на петтото место.
Со триумфот на последниот натпревар против Турингер во гости, 31-29 вардарки го обезбедија местото во четврт-финалето. Ни остануваат уште три натпревари, и сме на добар пат да влеземе во Топ-8 фазата како лидер во групата.
Продолжува и победничката серија на вардарки кои сега имаат 8 победи по ред во ЛШ, и на 10 натпревари немаат пораз, што е повторно нов клупски рекорд во најквалитетното европско натпреварување.
„Природно е единствениот непоразен тим во натпреварувањето да ја предводи листата. Заедно со ФТЦ Будимпешта, македонскиот тим е единствениот кој ги победи сите мечеви во главната фаза. Вардар го преживеа Турингер на гостински терен, но нивниот извонреден тим и ширината на нивниот состав се доволни да ги исфрлат како фаворити за освојување на титулата. Пречекувајќи ги Будуќност и Турингер на две од последните три средби, секако ќе им ги зголеми шансите за првото место во групата“, се вели во објаснувањето на ЕХФ.
Ранг листа на ЕХФ
1. Вардар
2. ФТЦ Будимпешта
3. Ѓер
4. Ларвик
5. ЧСМ Букурешт
6. Митјиланд
7. Мец
8. Будуќност
9. Турингер
10. Есбјерг