Нешто несекојдневно го привлече вниманието на Скопјани минатиов викенд. Во недела наутро пред Скопје Сити Мол се појави џиновска Nike Air Max кутија, која согласно информациите до кои дојдовме, треба да најави големо изненадување кое ќе се открие ексклузивно на 26ти март – Денот на Nike Air Max.

Air Max Day се одбележува секоја година на глобално ниво заедно со сите спортски ентузијасти и љубителите на еден од најпрепознатливите светски брендови, Nike, како и на легендарната линија на спортски обувки, Air Max. Оваа година Air Max прославува јубилеј од 30 години, одбележувајќи ја триесетгодишната историја од промовирање на урбаната култура насекаде низ светот со линија на патики, која отсекогаш била препознатлива за Nike.

Оваа година се прославуваат јубилејни 30 години и од првото откривање на култните Air Tailwind. Револуцијата на Air Max започна во 1987 година кога патиките од специјализирани тркачки патики станаа незаменлива опрема за кошарка, тренинг и тенис, брзо прераснувајќи во уникатен симбол на урбаниот животен стил.

После 30 години Air Max продолжува да еволуира!

Безброј минувачи низ Скопје веќе си го поставуваат прашањето: „Што се крие во кутијата?“ Мистеријата ќе биде разоткриена во недела, 26.03.2017, во 13.00 часот.

Бидете дел од ексклузивниот настан!


Администратор
23/03/2017 18:10